ЕК: Инсистираме на стабилност во испораките на вакцините на АстраЗенека
Европската комесарка за здравство Стела Киријакидес потврди дека претставници на фармацевтската компанија Астра Зенека најавиле доцнење во испораките на вакцините нарачани од ЕУ за првиот квартал на 2021 година.
По тој повод, Киријакидес изрази незадоволство и од ЕУ и од земјите членки.
– Инсистираме на прецизен план за испорака врз чија основа земјите-членки можат да ги испланираат своите кампањи за вакцинација, доколку вакцината добие дозвола за употреба, напиша Киријакидес на Твитер.
Таа додаде дека Европската комисија во контактите со фармацевтската компанија АстраЗенека продолжува да инсистира на предвидливост и стабилноста на испораките на нарачаните вакцини, како и за забрзување на нивната дистрибуција.
Европската агенција за лекови (ЕМА) на почетокот на годината објави дека до крајот на јануари треба да даде проценка за употребата на вакцината на АстраЗенка во ЕУ.
Доколку добие позитивна оценка, АстраЗенека ќе стане третата компанија чии вакцини против Ковид-19 ќе бидат лиценцирани за употреба во ЕУ.
До овој момент, потврда од ЕМА имаат вакцините на „Фајзер и Бионтек“ и „Модерна“.
Минатата недела „Фајзер“ веќе најави доцнење во дистрибуцијата на своите вакцини наменети за ЕУ поради модификација на производствениот процес.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација