Фудбал
30. October 2016 - 16:05

Еибар го изненади Виљареал

Фудбалерите на Виљареал го забележаа првиот пораз во Примера оваа сезона, откако беа поразени кај Еибар, во првиот меч од неделната програма.
 
Еибар го победи Виљареал со 2-1 и се искачи на седмото место на табелата, а Виљареал остана на петтата позиција.
 
Добрата игра во првото полувреме Виљареал ја круниса со голот од пенал, кој во 41-та минута го реализираше Бруно Соријано. 
 
Еибар пресвртот го направи во последните десет минути од мечот со головите на Гарсија Кике и Педро Леон. 
 
До крајот на денот ќе се одиграат натпреварите Атлетик Билбао-Осасуна, Лас Палмас-Селта и Бетис-Еспањол, а десеттото коло в понеделник ќе го комплетираат Ла Коруња и Валенсија.