Ракомет
17. January 2016 - 19:23

ЕХФ со диплома за Червар

Тренерот на Металург и поранешен селектор на Хрватска Лино Червар денеска доби признаие од страна на ЕХФ за својот ангажман во ракометот, кој трае 40 години.

Под негово водство Хрватска 2003 ја освои титулата светски првак, а година подоцна беше и олимписки шампион. Со Хрватска успеваше уште во четири наврати да игра во финалето (по два пати на Европско и два пати на Светско првенство).
Како тренер на Металург во два наварти ја предводеше екипата во ТОП 8 од Лигата на шампионите, а три години по ред натпреварувањето во ЛШ го почнуваа од квалификации.
 
Од Краков, 
Марјан Ников