Loading Video...
Ракомет
10. јуни 2020 - 15:52

ЕХФ потврди: Вардар сигурен учесник, Еурофарм Пелистер ќе чека „вајлд-карта“ за Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар сигурно ќе играат во Лигата на шампионите, додека Еурофарм Пелистер ќе очекува вајл-карта, потврди денеска Европската ракометна федерација
 
ЕХФ ги објави имињата на 10-те екипи кои следната сезона сигурно ќе играат во Лигата на шампионите како и кандидатите за преостанатите шест места кои преку вајл-карта ќе ги покани „европската ракометна куќа“. 
 
Покрај сеуште актуелниот европски првак Вардар, во новата сезона на елитното натпреварување сигурно ќе играат и екипите на: ПСЖ, Барселона, Кил, Фленсбург, Веспрем, Кјелце, Алборг, ППД Загреб и Порто.
 
Затоа пак битолски Еурофарм Пелистер кој лани го имаше своето деби во ЛШ е во групата на тимовите како  Адемар Леон, Висла Плоцк, Нант, ПИК Сегед, ГОГ Гудме и Спортинг Лисабон, а заедно со уште седум екипи (Мотор Запорожје, Елверум, Целје, Динамо Букурешт, Кадетен Шафхаузен, Мешков Брест и Бешикташ), ја сочинуваат вкупната бројка од 14 екипи кои ќе ја чека дополнителната одлука на ЕХФ, а по која само шест од нив ќе имаат можност да играат во Лигата на шампионите. 
 
ЕХФ одликата за вајлд-картите треба да ја објавени на 19 јуни, а ждрепката за новата сезона ќе биде на 1 јули.
 
Во исчекување се и ракометарките на Куманово кои исто така аплицираа за настап во Лигата на шампионките