Бизнис
4. August 2016 - 19:47

Егзотичното растение кивано расте во Прилеп

Прилепчанецот Марјанчо Дамески, по препорака од пријатели во Америка, лани за прв пат започнал да го одгледува егзотичното растение “кивано”, кое е далечен предок на лубеницата и дињата, и има неверојатно многу лековити својства против бројни заболувања, меѓу кои и канцерогените.
         
Родителите на Марјанчо биле првите кои го примениле, но и ги почувствувале благопријатните здравствени ефекти од ова чудесно растение.
 
Дамески, засега растението го произведуваат во помали количини, иако интересот е многу голем. Но, како што вели Марјанчо, со оглед на поволните услови за одгледување кои ги има во прилепско, не ја исклучуваат можноста да го зголемат производството и да побараат негов пласман.