Свет
9. May 2017 - 8:35

Египетскиот суд го осуди на доживотна затворска казна лидерот на движењето Муслимански браќа

Египетскиот суд го осуди на доживотна затворска казна лидерот на движењето Муслимански браќа Мохамед Бадие, како и двајца други високо поставени членови, јави ДПА. 

Други 15, на кои им беше судено за истото дело, добија по пет години затворска казна, додека 21 лице беа прогласени за невини. 

Делото беше во врска со демонстрациите на Муслимански браќа што беше одржан на плоштадот „Рабја ал Адауаја“ во Каиро, во знак на протест против симнувањето од власт на египетскиот претседател Мохамед Морси во 2013 година. 

За лицата беа покренати обвиненија за финансирање на штрајк, за осмислување на терористички напади врз јавни установи и за ширење лажни информации со цел дестабилизација на земјата. 

Пресудите беа изречени по делото што беше разгледано повторно по наредба на египетскиот Апелациски суд, откако по него беа изречени смртни казни за Бадие и уште 11 обвинети, но Апелацискиот суд ги поништи и нареди ново дело. 

Од 2013 година до сега за Бадие се наложени четири смртни пресуди, но сите беа укинати од Апелацискиот суд. 

Лидерот на Муслиманските браќа има пресуди за вкупно 100 години затвор по многу други дела.