Свет
12. September 2015 - 14:56

Египетската влада поднесе оставка поради корупциски скандал

Египетскиот премиер Ибрахим Махлаб поднесе оставка на владата и таа беше прифатена од претседателот Абдел Фатах ал Сиси, се вели во соопштението на претседателството.

Ал Сиси нареди на кабинетот да продолжи да ги исполнува своите обврски како официјална влада до формирањето ноао.

Оставката на кабинетот, кој функционира од јуни минатата година, е поврзана со голем корупциски скандал во кој се вмешана службеници од Министерството за земјоделството, вклучувајќи го министерот, соопшти ТАСС.