Египет ќе ја отвори границата за 20 камиони со хуманитарна помош
Претседателот на Египет, Абдел Фатах ал-Сиси одобри отворање на граничниот премин Рафах за 20 камиони со хуманитарна помош за Појасот Газа, потврди американскиот претседател Џо Бајден.
Ал Сиси и Бајден постигнаа договор за отворање на граничниот премин поради влошувањето на хуманитарната криза во Појасот Газа и бројните антиизраелски протести низ Блискиот Исток.
Бајден не прецизираше кога ќе се отвори границата, но портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, наведе дека тоа ќе се случи кога ќе се поправи патот уништен од израелските напади.
– Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси и американскиот претседател Џо Бајден се договорија за одржлива испорака на хуманитарна помош до Појасот Газа преку терминалот Рафах, изјави портпаролот на Сиси, Ахмед Фахми, без да се прецизира датум.
Египет соопшти дека преминот Рафах, витална артерија пред борбите и сега важен пат за очајно потребните резерви, не бил официјално затворен, туку било оневозможено функционирање поради израелските воздушни напади врз Газа.
Израелски медиуми објавија дека отворањето се очекува утре. Египет мора прво да го поправи патот преку границата, што беше уништен од израелските воздушни напади. Повеќе од 200 камиони и околу 3.000 тони помош чекаат на или во близина на преминот Рафах, единствената врска на Појасот Газа со Египет.
За време на посетата на Бајден на Израел, кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека Израел ќе дозволи увоз на храна, вода и лекови во јужниот дел на Појасот Газа преку Египет.
Ново на Сител
-
Собранието го донесе државниот Буџет за 2025 година
-
Извлечени четвртфиналните двојки во фудбалскиот Куп на Македонија
-
Приведен поранешниот директор на АД ЕСМ Васко Стефановски
-
Влада: Се замрзнуваат платите на избраните и именуваните лица
-
Приведени двајца жители на Арачиново кои со закана одзеле пари и мобилен телефон
-
Врховен суд: Извештаите на Стејт департментот имаат суштинско правно значење и неопходно е приоритетно да се постапува
-
Осум жртви во уривање на зграда во Каиро
-
Зеленски: Му кажав на Трамп дека Путин се плаши само од него, и можеби од Кина