Фудбал
26. January 2017 - 9:11

ЕФЛ куп: Саутемптон прв финалист

Фудбалерите на Саутемптон се пласираа во финалето на ЕФЛ купот откако и во реваншот го победија Ливерпул со 1:0 и со вкупен резултат 2:0 се изборија за своето второ финале во ова натпреварување. Саутемптон и на првиот дуел на домашен терен победи со 1:0. 

Стрелец на единствениот гол беше Шејн Лонг во 90+1 минута.
Во второто полуфинале вечерва играат: Хал и Манчестер Јунајтед. Победа од 2:0 на првиот натпревар постигна Манчестер Јунајтед.