Едукативно предавање за органодарителство во Кочани

По повод одбележувањето на Светскиот ден на бубрегот - 9 Март во Кочани се одржа едукативно предавање на тема „Органодарителство“. Организатор е Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“, огранок Кочани, во соработка со Општинската организација на Црвениот крст Кочани.
- Целта на ова предавање е да го истакнеме значењето на бубрезите како орган, како и да објасниме повеќе за органорадителството и колку е важна таа постапка за да се спаси нечиј живот, рече Анета Коцева, секретар на Општинската организација на Црвениот крст Кочани.
Предавач беше д-р Марјан Ефтимов, вработен во Центарот за дијализа Кочани.
Гоце Арсов изјави дека три години и осум месеци бил пациент на дијализа.
- Откако ми се јави докторката и ми кажа дека пронајдоа дарител што ќе може да ми дарува бубрег, а станува збор за починато лице, многу се израдував што повторно ќе бидам ист како другите луѓе и нема да има потреба повеќе да одам на дијализа. Успешна беше трансплантацијата и сега сум добар со здравјето, рече Арсов. Тој порача сите да се пишат како донатори бидејќи на тој начин можат да спасат нечиј живот.
Откако една година беше стопирано, сега во Македонија повторно се извршува трансплантација на органи согласно Законот за земање делови од човечко тело заради лекување на друго лице.
По повод Светскиот ден на бубрегот во Трговскиот центар во Кочани беа поставен и штандови на кои волонтерите на Црвениот крст и претставници од Центарот за дијализа Кочани, како и од Здружението „Нефрон“ им делеа флаери на граѓаните за заштита и превентива од бубрежни заболувања.
Ново на Сител
-

СДСМ: Фирма со 2 вработени добила 9 милиони евра државни тендери за 6 месеци
-

ВМРО ДПМНЕ обвинува за криминал
-

Илир Демири од алијансата на Села ќе делува како независен пратеник
-

Пензионерите поделени околу протестот пред Уставниот суд
-

Во Клиниката во Козле хоспитализирани 60 деца со респираторни инфекции
-

Јаневска: Проблемот со петките во Македонија е сериозен
-

Традиционалната книга не изумира
-

„Марш на ангелите“ во Кочани
