Едукативна акција на гевгелискиот противпожарен сојуз
Во пресрет на зимската грејна сезона,Општинскиот противпожарен сојуз на Гевгелија почна едукативна акција за заштита од пожари под мотото „Топол дом без пожари“, чиј покровител е Општина Гевгелија.
Преку флаери и апели граѓаните се потсетуваат на превентивните мерки кои треба да ги применуваат со цел да се елиминираат причините кои би можеле да доведат до пожар во домовите.
– Пред се апелираме на редовно чистење на оџаците, да не се користи запалива течност при потпалување на огнот, електричните грејни тела да се поставуваат подалеку од запаливи предмети и врз нив да не се ставаат алишта, како и одржувањето и поправката на грејните системи да се врши од страна на стручни лица, велат од општинскиот противпожарен сојуз на Гевгелија.
Во периодот од 28 до 31 октомври, Општинскиот противпожарен сојуз ќе организира и квиз за заштита од пожари на кој ќе учествуваат екипи составени од ученици од основните училишта и гимназијата од Гевгелија.
Ново на Сител
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени