ЕДС побара спогодбено раскинување на договорот со МЕПСО
ЕДС побара спогодбено раскинување на договорот со АД МЕПСО за испорака на електрична енергија за покривање на загубите во електропреносниот систем на Република Македонија, потпишан во декември 2016 година, соопштуваат од компанијата.
Во барањето доставено од компанијата до АД МЕПСО стои дека причина за ова барање е избегнување секаков можен сомнеж за судир на интерес по назначувањето на сопственикот на ЕДС, Кочо Анѓушев, за вицепремиер задолжен за економски прашања.
- Поради перцепцијата во јавноста дека функцијата заменик претседател на Владата на Република Македонија и позицијата доминантен сопственик во компанијата која испорачува, односно продава електрична енергија на акционерско друштво во државна сопственост како што е АД МЕПСО претставува судир на интерес, бараме договорот да биде спогодбено раскинат и ЕДС ДОО Скопје да биде ослободен за испорака на електрична енергија за месец ноември 2017 година, стои во барањето на компанијата доставено до МЕПСО.
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите