Македонија
25. March 2021 - 10:53

Едномесечно бебе е најмладиот хоспитализиран пациент заразен со Ковид-19

Директорката на Клиниката за детски болести, д-р Аспазија Софијанова во емисија на Телевизија 24 информираше дека болницата во моментов е ковид центар, бидејќи британскиот сој се шири помеѓу младата популација.

- Новиот сој ги напаѓа децата. Најмалиот позитивен пациент е стар месец и половина и е хоспитализиран со неговата мајка која исто така е позитивна на вирусот. Во моментов на клиниката имаме 21 дете позитивно на Ковид-19. Децата кои се хоспитализирани имаат дехидрираност, малаксаност, губење на апетитот и не можат да се лекуваат во домашни услови, изјави Софијанова.

Симптоми кај децата најчесто се покачена телесна температура, малаксаност, кашлање, главоболка, мускулна болка, болка во грлото, отежнато дишење, одбивање храна и пиење, поради што е неопходна нивна хоспитализација. Според лекарите вирусот најчесто удира врз стомакот, срцето, бубрезите и мозокот кај децата.