Македонија
25. September 2015 - 12:50

Еднократна парична помош за 200 семејства со новороденче во општина Аеродром

Градоначалникот на Аеродром Ивица Коневски и претседателот на Советот Виктор Камилоски доделија над 200 решенија за новородените деца од општината.

Од почетокот на годинава досега се доделени околу 400 решенија на новороденчиња.

Изминатата 2014 година, според бројот на доделени решенија за еднократна парична помош за новороденчиња, општина Аеродром има 731 нов жител, од кои 405 машки, а 326 женски деца.

Општина Аеродром информира дека Одлуката за доделување еднократна парична помош од 5.000 денари на семејствата кои имаат принова е со цел да им излезе во пресрет на семејствата за нивните потреби кои доаѓаат со новороденчето.