Македонија
18. July 2016 - 10:33

Едно прашање отворено по минатонеделните средби: Ќе има ли денеска преговори во Пржино?

Претставници на четирите партии потписнички на Договорот од Пржино, Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Радмила Шекеринска од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА, изминатата недела имаа неколку средби за отворените прашања кои го попречуваат решавањето на политичката криза. Тие на маса седнаа заедно со амбасадорите на ЕУ и на САД, Аиво Орав и Џес Бејли.

Евроамбасадорот Аиво по завршувањето на рундата разговори изјави дека партиските претставници постигнале договор за многу прашања прашања, со исклучок на едно. Се работи за ингеренциите на министерот за внатрешни работи во техничката влада кои остануваат единствено отворено прашање по минатонеделните средби.

Неизвесно е дали денеска ќе има преговори во Пржино. Како штоТелеграф дознава од партиски извори, амбасадорите Орав и Бејли предлагаат некаков вид компромис и ставање на измените на „стенд бај“ во предизборниот период.

Сепак, но за тоа немало расположение кај двете страни.