Македонија
16. February 2016 - 9:52

Едно лице загина во сообраќајка во Радишани

Во скопско Радишани, во понеделник се случила сообраќајна незгода во која едно лице го загубило животот, објави Макфакс.

Несреќата се случила во 9.40 часот на крстосницата од улиците „Радишанска“ и „Боро Краљевски“ во која учествувале две патнички моторни возила, „југо“ и „мазда“, со скопски регистарски таблички, управувани од граѓани на Скопје.

По незгодата возачот и сопатникот од патничкото моторно возило „југо“ со возило на Брза помош биле пренесени во Гратската општа болница „Свети Наум Охридски“ поради укажување на лекарска помош.

Сопатникот имал тешки телесни повреди, а возачот по извесно време им подлегнал на повредите.