Македонија
6. October 2018 - 10:46

Една жртва во страотна сообраќајка на автопатот Скопје - Велес

На автопатот Скопје - Велес вчера во 12:30 часот, К.М.(33) од село Облешево управувајќи патничко моторно возило „Фиат Пунто“ со бугарски национални ознаки изгубил контрола над возилото и се превртел.

Од незгодата на местото на настанот починал сопатникот А.М.(46) од село Облешево, а возачот К.М. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница Велес.

Извршен е увид на местото на настанот.