-->
-->
Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба
-->
Состојбата на повредените во дискотеката „Пулс“ во Кочани е непроменета. Петмина повредени се во странство, а петмина се во Скопје. Една пациентка е сè уште во тешка состојба, информираше попладнево на прес - конференцијата во Владата, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.
- Мислам дека деновиве се направи проценка за позначително пресадување на кожа кај таа пациентка. Инаку, таму проблемот е инфективен и се третира на најдобар можен начин со најдобрите можни антибиотици во моментот, потенцираше Клековски.
Пожарот во дискотеката „Пулс“ избувна рано наутро на 16 март, зеде 62 жртви, а околу 200 лица се здобија со повреди и беа пренесени на лекување во болниците низ земјава и странство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Православните верници го слават празникот посветен на Свети Наум Охридски - Чудотворец
-
Во Колумбија пронајдена масовна гробница со осум општествени и религиозни лидери
-
Приведен возач во Македонска Каменица, возел со 2.41 промили алкохол во крвта
-
Последна контрола за пред заминувањето за Ерменија
-
Милвоки го отпушти Лилард
-
Еванс противник на Ѓоковиќ во 2. коло на Вимблдон
-
Елиминирана шампионката на Ролан Гарос
-
Барди го заврши претстојот во Бодрум