Живот
8. October 2016 - 14:49

Една е мајка: Вака малечкото ја спаси својата од сигурна смрт

Женка на грбав кит се насукала во плиткото кај австралискиот брег, но успеа да преживее благодарение на своето малечко.

Работниците од организациајта која се грижи за дивите животни во Квинсленд добиле дојава дека кит се насукал во плиткото покрај еден остров, но иако се погрижиле што побрзо да и му помогнат на кутрото животно, сепак еден друг херој прв и помогнал.

Кога стигнале го виделе малечкиот кит како ја турка мајката во длабочината. Благодарение на плимата и напорите на бебето - кит, двете успеале да се вратат во длабокото море.