-->
-->
Единаесет сообраќајки во Скопје, пет лица повредени
-->
Пет лица се здобиле со полесни повреди во две од вкупно 11 сообраќајни незгоди кои се случиле во текот на вчерашниот ден во Скопје. Во девет сообраќајки е причинета материјална штета.
Вчера од страна на сообраќајната полиција, санкционирани се двајца возачи кои поминале на црвено светло на семафор, седум возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано, како и 12 возачи кои не се придржувале према ограничувањата, забраните и обврските изразени со поставените сообраќајни знаци. Санкционирани се и 11 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафорот за пешаци. Затекнати се 45 непрописно паркирани возила.
Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 33 возила.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени