Македонија
27. May 2019 - 16:29

Единаесет годишно девојче искасано од куче

Играта на 11 годишната Ивана Андриоска се претвори во кошмар откако дружејќи се со своите помали братучеди беше испокасана од куче .Шестооделенката додека се бранела се здобила со повреди на двете раце ,во моментот кога кучето сакало да ја собори на земја ,пристигнал нејзиниот дедо кој за среќа успеал да го отгргне за да не се случи поголема трагедија.Ивана видно вознемирена и денеска ноќта ја поминала во страв будејќи се во сонот.

Немилиот настан се случил пред дворот на куќата на нејзиниот дедо во близина на општата болница , девојчето веднаш било однесено на преглед кај дежурен лекар каде и се санирани повредите со кои се здобила од нападот.

Како што вели Трифуноски дедото на девојчето кучето од раста лабрадор кое веќе 4 месеци било забележано како се движи околу болницата имало каснато и друго  лице .

Инаку проблемот со кучињата скитници во главниот туристички центар се провлекува години наназад граѓаните се загрижени за нивната безбедност од глутниците кои ги демнат секојдневно а можат да се забележат речиси насекаде низ градот .И покрај тоа што Охрид неодамна изгради стационар сеуште врие од кучиња скитници низ улиците.