Македонија
9. September 2015 - 16:31

Еден загинат и шестмина повредени во сообраќајка кај Подмоље

26 годишна жена од струшкото село Калишта го загуби животот а  шест лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа која што се случи денес околу 10 часот на стариот регионален пат Охрид-Струга во близина на селото Подмоље. До незгодата дошло кога патничкото моторно возило марка „Голф“ со струшки регистарски таблици кое се движело во правец од Струга према Охрид, преминало на спротивната коловозна лента и директно се судрило со автобус на компанијата „Галеб“ што се движел во спротивниот правец.

Од силината на ударот починала Ардие Илјази која го управувала патничкото возило „Голф“. Од болницата за ортопедија и трауматологија велат дека и покрај направените обиди за реанимација повредената не давала знаци за живот,  додека останатите патници од минибусот меѓу кои и тројца  туристи од Србија се здобиле со лесни телесни повреди при што веднаш биле пуштени на домашно лекување .

На местото на тешката сообраќајна незгода извршен е увид во присуство на јавен обвинител од основниот суд во Охрид како и полициски екипи од полициска станица за безбедност во патниот сообраќај.