Балкан
8. November 2016 - 8:52

Едeн загинат и неколкумина повредени при експлозија на гас во Хрватска

Едно лице загина, а неколкумина беа повредени при експлозија на гас во станбена зграда во хрватскиот град Вараждинске Топлице, јави ХИНА.

Зградата е целосно разурната. Очевидци велат дека еден од станарите се заканувал дека ќе ги крене сите во воздух, и го пуштил гасот.

Полицијата не ја потврди, но и не ја отфрли таа информација. Портпарол на полициските власти изјави дека „причината за трагедијата ќе се разјасни по увидот".