Свет
8. January 2020 - 15:58

Еден загинат и најмалку тројца повредени во пукотница во Отава, напаѓачот опколен од полицијата

Едно лице е убиено, а три се потешко повредени во пукотницата до која дошло утринава во 7,30 часот по локално време (13,30 по средноевропско) во главниот град на Канада, Отава.

На терен се наоѓаат екипите за итна помош, а според првичните информации едно лице е убиено, а тројца се посериозно повредени и префрлени во болница. Нивната возраст и пол се уште не се познати.

Полицијата се уште не го уапсила напаѓачот, но наведува дека го има опколено.