Македонија
24. January 2016 - 14:49

Еден загинат и еден повреден во сообраќајна несреќа на патот Кичево - Гостивар

Утрово околу 5 часот на магистралниот пат А-2, Кичево-Гостивар, на м.в.„Сеферов бунар“, се случила сообраќајна незгода во која ПМВ „Голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Деар Д. од село Србица-Кичево, при престигнување на друго ПМВ излетало од коловозот, при што со повреди се здобил возачот и совозачот Л.Ќ. од Кичево. 

Со возило на Итната медицинска помош лицата се пренесени во МЦ-Кичево, каде Деар Д. им подлегнал на повредите, а совозачот е задржан на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.