Еден загинат, четворица тешко повредени
Мотоциклист загина, четири лица се тешко повредени, а 14 се здобиле со лесни телесни повреди, во 14 од вкупно 24 сообраќајки регистрирани изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје.
Со поголема брзина од дозволената се движеле 54 возачи. Од сообраќај се исклучени 39 возачи, од кои 34 пред да се стекнат со право на управување возило, четворица возачи почетници, еден под дејство на алкохол. Исклучени се и 22 нерегистрирани возила.
За непрописно паркирање се изречени 95 мерки, а „пајакот“ кренал 55 возила.
Санкционирани се и шест пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин, петмина возачина кои не дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, десет за неправилно престигнување, 15 кои не носеле сигурносен појас, 32 за зборување на мобилен при возење.
Ново на Сител
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот