Свет
8. September 2016 - 14:16

Еден ранет во експлозија во трговски центар во Романија

Едно лице е повредено во експлозија во кино сала во трговски центар во романскиот град Фокшан. Засега нема информации од полицијата за причината за експлозијата, јавуваат локални медиуми.

Портпарол на Инспекторатот за итни ситуации во округот Вранча изјави дека на местото на инцидентот се испратени три екипи пожарникари и Брза помош, а зоната е евакуирана. Експлозијата се случила во Променада мол во Фокшан.