Балкан
11. January 2016 - 11:20

Еден повреден при земјотрес во Турција

Едно момче е повредено синоќа, откако обземено од паника поради земјотрес со интензитет од 5 степени според Рихтеровата скала, скокнало од балконот на својот дом во централна Турција, јави турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк. 

Земјотресот бил регистриран во 19.40 часот, со епицентар во околината на градот Чичегдаг во округот Киршехир, на 137 километри од Анкара.

Момчето, од околината на Киршехир, ја скршило ногата при скок од балконот во неговиот домот на првиот кат. 

Градоначалникот на Чичегдаг, Адем Ергун соопшти дека нема податоци за жртви или материјална штета предизвикана од земјотресот. 

Сепак многу луѓе во регионот во паника ги напуштиле своите домови, а повеќемина поради стрес побарале лекарска помош.  

Земјотресот бил почувствуван и во Анкара, Невшехир, Кајсери, Кркале и Сивас.