Македонија
14. January 2021 - 20:12

Еден од повредените во престрелката во Љубош е во критична состојба, полицијата спречила инцидент пред Градска

Две лица се потешко повредени при престрелка во селото Љубош, близу Батинци. Престрелката се случила пред деловен објект, по расправија која избила меѓу четири лица, членови на две различни семејства, сите од Батинци.

Со две возила повредените биле пренесени пред старата Градска болница. Веднаш биле обезбедени од страна на полициски службеници. На едниот повреден со прострелна рана во пределот на стомакот помош му пружиле во „Св Наум охридски“, а второто лице поради сериозноста на повредите со возило на Итната медицинска помош и полициска придружба бил пренесен на Комплексот клиники.

Завршил на операција во Максилофацијална хирургија поради скршена вилица и прострелна рана околку главата.

Пред објектот на Старата градска болница беше вистински метеж. Болницата ја обезбедуваа голем број полициски службеници, а на самиот влез имаше десетина припадници на специјалните единици со автоматско оружје. Освен тоа, 30-тина родинини и пријатели на повредениот 30-годишник кој остана во Стара градска чекаа информации за неговата здравствена состојба пред самиот објект.