Македонија
5. јуни 2020 - 12:58

Еден од најдобрите педијатри во поранешна Југославија д-р Климент Матовски напиша книга за Струга

Др.Климент Матоски е роден стружанец кој од своето рано детство собирал и архивирал спомени од Струга. Денес тој има преку 40.000 дигитализирани фотографии од овој град и истите ги собрал во неговата книга од 600 страни „Струга во мојата душа, прошетка низ Струга од мојата младост“.

Тој мотив за креирање на оваа книга добил од нашата утринска програма и прилогот кој се емитуваше во серијалот „Ја сакам Македонија од“ а зборуваше за некои дамнешни времиња во овој град, кога и духот на живеењето и делувањето бил многу поинаков.