Еден министер и двајца пратеници имаат двојни државјанства
Најмалку двајца пратеници, како и еден министер во владата на премиерот Зоран Заев, поседуваат странски државјанства, дознава „Слободен печат“.
Двајцата пратеници имаат албанско државјанство, а министерoт, кој е од редовите на ДУИ, покрај македонското, поседува и државјанство на Австрија, пишува порталот.
Пратениците ги добиле албанските државјанства со одлука на претседателот на Албанија Илир Мета, кој издал вкупно 382 државјанства за лица од Македонија, Косово и Црна Гора по брза постапка. Законот за државјанства во Албанија му дава право на претседателот да издаде државјанство со указ доколку процени дека земјата има посебен научен, економски или културен интерес за тоа. Меѓу македонските граѓани што добиле вакви државјанства, освен двајцата пратеници, има и други јавни личности, пејачи, уметници, како и верски водачи.
ВМРО-ДПМНЕ побара законски измени со кои не ќе може да стане пратеник лице што има двојно државјанство. Од партијата најавија амандман во кој се предвидува еден од условите за кандидатите за пратеници да биде тие да имаат само македонско државјанство. За владејачката СДСМ овој предлог е прифатлив, но под услов ова правило да почне да се применува веднаш и да важи и за актуелниот пратенички состав.
Ново на Сител
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца