ДЗС: Во 2019/2020 за 2,5 отсто помалку средношколци во однос на претходната учебна година
Во редовните основни училишта имало 186 706 ученици на крајот на учебната 2019/2020 година, соопшти денеска Државниот завод за статистика.
Во редовните средни училишта, пак, бројот на ученици на крајот на учебната 2019/2020 година изнесувал 68 273, што е намалување за 2.5 отсто во однос на претходната учебна година.
ДЗС објави податоци за ученици според јазикот на кој се изведува наставата, податоци за училишта, паралелки и наставници, како и за успехот на основците по одделенија на крајот на минатата учебна година. Објавата содржи и податоци за бројот на ученици во специјалните основни и во основните училишта за возрасни.
Исто така, податоци има и за ученици и наставници во редовните средни училишта според јазикот на кој е изведувана наставата во 2019/2020 година и за успехот на учениците во овие училишта, како и за верските и за специјалните средни училишта.
Ново на Сител
-

Најмногу дожд во Гевгелија, од утре стабилизација на времето
-

На ГП Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути
-

Песков: Исклучувањето на Русија од листата на „директни закани“ за САД е позитивен чекор
-

Свечена академија по повод празникот „Св. Климент Охридски“ под покровителство на претседателката
-

Во Перу запленети над 3 тони кокаин наменет за Белгија
-

Русија ја нападна Украина со дронови и проектили
-

Речиси 80 отсто од жителите на Еврозоната сметаат дека еврото е добро за ЕУ
-

Променливо облачно со сончеви периоди, од утре потопло
