-->
-->
ДЗС со препораки за заштита од пожари
-->
Дирекцијата за заштита и спасување, согласно Законот за заштита и спасување и Законот за шумите, презема мерки и активности за превентивно делување во врска со заштитата од можни шумски пожари и други пожари на отворен простор во летниот период.
Како неопходни мерки за намалување на опасноста од настанување на шумски пожари и други пожари на отворен простор, Дирекцијата за заштита и спасување посочува неколку предупредувања до граѓаните. Да не се пали оган на отворен простор и на необезбедени места, да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал, доколку се забележи пожар веднаш да се извести територијалната противпожарна единица на бесплатниот телефонски број 193, се само дел од предупредувањата.
- Граѓаните да не палат оган на отворен простор и во шума, да не палат стрништа и меѓи, да не фрлаат стаклени шишиња и стаклен отпад, бидејќи знаеме дека долниот дел на шишињата и другите површини од стакла може да дејствуваат како леќи и да предизвикаат пожар, да не фрлаат непотребен отпад, да не фрлаат цигари и догорчиња. Би препорачал правните субјекти, исто така и граѓаните редовно да вршат косење на тревата, на ниската вегетација што е во нивна сопственост, изјави Слаѓан Антевски, советник во Дирекцијата за заштита и спасување Куманово.
Заштитата од шумски пожари е мултидисциплинарна и мултинституционална тема во која се вклучени повеќе институции. Заштитата од пожари на отворен простор опфаќа и повеќе мерки, од организациски, оперативен, пропаганден, воспитен и друг карактер. Советникот Антевски посочува кога станува збор за превентивните мерки, особено мерките од пропаганден и од воспитен карактер, свој придонес би требало да дадат и образовните институции, медиумите и противпожарниот сојуз на Македонија, доброволните противпожарни друштва преку разни форми на предавања, обуки и пропаганди.
Казнените одредби се различни, бидејќи се регулирани во неколку прописи и освен високи парични казни, предвидени се и казни затвор за одредени дела. Од Дирекцијата за заштита и спасување, потенцираат дека надлежните институции функционираат одлично, нагласувајќи дека подружниците на јавното претпријатие Македонски шуми согласно Законот за шуми секоја година донесуваат годишни оперативни планови за заштита на шумите од пожари во кои се предвидени силите, средствата и начинот на делување на самото претпријатие.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација