ДЗС: Помалку работници во индустријата
Бројот на работници во индустријата во октомври годинава во однос на октомври лани е намален за 2,2 процента, додека во периодот јануари – октомври се намалил за 1,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во секторот Рударство и вадење на камен во октомври годинава во однос на октомври лани е забалежан пад од 3,4 проценти на бројот на работници, во преработувачката индустрија за 2,2 процента, а во секторот за снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација падот изнесува 0,9 проценти.
Според главните индустриски групи, бројот на работници во индустријата во октомври годинава во однос на октомври минатата година, бележи пораст кај Капитални производи за 2,4 проценти, а опаѓање има кај Енергија за 2,2 процента, Интермедијарни производи, освен енергија за 1,9 проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 3,4 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,4 проценти.
Ново на Сител
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов
-
Пулмологија полна – Загадениот воздух причина за повеќе пациенти со компликации
-
Донација од Прилепска пиварница
-
Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
-
ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави
-
Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, истражува кој плаќал и кој земал поткуп
-
Ахмети: Ако се докаже корупција, Груби сам ќе ја напушти ДУИ