Македонија
23. May 2017 - 13:16

ДЗС: Намален бројот на дипломирани студенти

Во 2016 година, бројот на дипломирани студенти на додипломски студии на високите стручни школи и факултетите во Македонија е намален за 2,5 отсто во споредба со 2015 година. Од вкупниот број студенти 58 отсто се од женски пол.

Според податоците на Државниот завод за статистика, 80,5 отсто од вкупниот број дипломирани студенти  се редовни, а 19,5 отсто вонредни студенти. 

Само 36 проценти, пак, од студентите дипломирале во рок, додека 64 проценти дипломирале по рокот.