Бизнис
5. February 2018 - 19:35

ДЗС: Лани извезени стоки вредни над 5 милијарди евра, извозот бележи раст од 15,7%

Фабриките во зоните го билдаат извозот. Домашните капацитети чекаат подобри времиња.

Според денешните податоци од статистика за трговската размена во 2017 година, извезени се стоки од над 5 милијарди евра или 15,7% повеќе од 2016 година.

Производите кои најмногу се извезувале излегуваат од фабриките во зоните кои почнаа со работа во претходните десетина годинаи. Најмногу се извезувале делови за автомобили, авиони, бродови и автробуси.

Увозот пораснал за 11,8%. Главно се увезувани стоки кои им се потребни за работа на истите фабрики. Врендоста на овие производи надминува 6,8 милијарди евра.

Домашните компании се жалат. Никако не можат да се вклопат во позитивните резултати кои ги креираат странските компании во земјава. За нив политичката криза беше сериозен проблем.

Бизнисмените бараат владата да признае дека економијата има проблем и да се зафати со решавање.

Високиот раст на извозот е постигнат во година кога индустријата стагнираше. За 12 месеци лани таа порасна само за 0,2%.