Бизнис
4. May 2017 - 19:51

ДЗС: Извозот во првиот квартал бележи раст од 14,5%, извезени се стоки вредни над милијарда евра

Извозот надмина милијарда евра. Според податоците на ДЗС, во првиот квартал од 2017 година од земјава биле изнезени стоки во вредност од над милијарда и сто милиони евра. растот во однос на истиот период лани изнесува 14,7%.

Од земјава најмногу се извезуваат производи наменети за автомобилската индустрија. Најголеми извозници се токму фабриките од овој сектор, Џонсон мети, Ванхул и Џонсон контролс кои работат во слободните зони.

Всушност, бројките покажуваат дека најголем дел од извозот е направен во зоните. Заклучно со март, од таму биле извезени стоки во вредност од над 500 милиони евра, а март бил рекорден месец со извоз од 180 милиони.

Увозот расте со слично темпо, во однос на лани е зголемен за 14,5%, а јазот во трговската размена изнесува 72,6%.