ДЗС: До вчера попишани над 300.000 граѓани
Процесот на попишување продолжува со посакуваниот интензитет и темпо, со што заклучно со вчерашниот ден до 20 часот, попишани се 308 551 лице, информира денеска Државниот завод за статистика (ДЗС), додавајќи дека само вчера биле попишани 114 308 лица.
– Државниот завод за статистика ги известува граѓаните дека за сите дилеми и нејаснотии кои ги имаат во врска со процесот на попишување можат да се обратат во Бирото за Попис, на телефонските броеви кои се објавени на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk, се наведува во соопштението на ДЗС.
Од таму посочуваат дела попишувачите кои го спроведуваат попишувањето на терен се овластени лица на Државниот завод за статистика кои се обучени за оваа активност и апелираат до населението да ги прими во своите домови со доверба и почит и да ги даде потребните податоци.
– Успешноста на оваа статистичка операција зависи од сите нас и е за сите нас, се додавао во соопштението на Државниот завод за статистика.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација