Џет-Сет
8. March 2016 - 16:05

Џорџ Клуни ги шокираше фановите, се повлекува од глумата

Холивудскиот заводник Џорџ Клуни, објави одлука која многу ги разочара неговите фанови.

Имено тој објави дека има намера да се повлече од глумата, а причината за тоа предизвика многу полемика.

-Мислам дека никој не сака да гледа како некој старее. Камерата е многу неблагодарна работа, па стареењето станува нешто за што сте свесни, па се помалку и помалку се појавувате на екраните. Се трудам да избеарм филмови кои ми одговараат, а со годините ги има се помалку – рекол Клуни.

Сепак тој нема целосно да се одвои од филмската индустрија.

-Годините ги минав на екранот и сега сум во фаза да разберам дека не можам да останам пред камерите до крај на животот. Позабавно е, а и покреативно да се занимаваш со режија-објаснил актерот.