Свет
19. January 2017 - 9:39

Џорџ Буш постариот на интензивна нега, а хоспитализирана и неговата сопруга Барбара

Поранешниот американски претседател Џорџ Х. В, Буш (92) синоќа е префрлен на интензивна нега во болницата во Хјустон поради воспаление на белите дробови, а во истата клиника сместена е и неговгата сопруга Барбара (91).

Буш во болница е од саботата при што имаше интервенција за ослободување на дишните патишта.

Портпаролот на Буш, Џим Мекгрет наведе дека и поранешната прва дама, со која е во брак 72 години, е хоспитализирана поради кашлица и исцрпеност.