Џонсон: Вакцината на АстраЗенека е безбедна и ефикасна
Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека вакцината на АстраЗенека и универзитетот Оксфорд против Ковид-19 е безбедна и исклучително ефикасна.
– Тоа е вакцина која е безбедна и исклучително добро дејствува, изјави Џонсон за „Тајмс“, истакнувајќи дека и „релативно лесно се дистрибуира“.
Во Велика Британија во тек е масовна кампања за вакцинација, а 24,5 милиони луѓе од декември досега добија први дози на ЗстраЗенека или Фајзер/Бионтек. Овие две вакцини моментално се достапни во земјата.
Експертите на Светската здравствена организација (СЗО) денеска ќе дискутираат за безбедноста на вакцината АстраЗенека.
Десетина земји, вклучувајќи ги Франција, Германија и Италија, ја прекинаа вакцината како превентивна мерка поради несакани ефекти, вклучително и згрутчување на крвта кај некои луѓе кои биле вакцинирани со АстраЗенека.
Ново на Сител
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент
-
„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина