Џони Деп и Амбер Херд спогодбено се разведоа
Холивудската двојка Џони Деп и Амбер Херд постигнаа договор за спогодбен развод на бракот, откако актерката ја повлече тужбата дека сопругот физички ја злоставувал.
Деп, како што наведува ТМЗ, се согласил на Хедер да и исплати седум милиони долари.
Деп (53) и Херд (30), кои 18 месеци беа во брак, се огласија со заедничко соопштение во кое наведуваат дека нивната врска била исполнета со „многу страст, понекогаш нестабилна, но секогаш полна љубов“.
Во соопштението се дополнува дека парите кои Херд ќе ги земе од разводот, ќе ги даде во добротворни цели.
Деп и Херд се запознаа на снимањето на филмот „The Rum Diary“ во 2011 година, кога актерот се уште беше во врска со француската глумица Ванеса паради, со која има две деца - синот Џек и ќерката Лили-Роуз.
Ново на Сител
-
Македонија ги живее најтоплите денови оваа лето – на високите температури реагираат и млади и стари
-
Седми ден гори на Готен
-
Телохранителот на премиерот обвинет за оддавање службена тајна, негира вина
-
Казанџи Груп пред нова инвестиција
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Пензиите ќе растат линеарно
-
Левица ќе бара разрешување на претседателката на ДКСК
-
СДСМ: Тошковски ја партизира полицијата