„Џо, отпуштен си“ - објави Трамп и му забрани на Бајден пристап до класифицирани информации
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека го ограничи пристапот на неговиот претходник Џо Бајден до класифицирани формации.
Традиционално, поранешните претседатели добиваат одредени доверливи информации од безбедносните служби откако ќе ја напуштат Белата куќа.
– Нема потреба Џо Бајден да продолжи да има пристап до доверливи информации.
Затоа, веднаш му го одземаме одобрението на Џо Бајден за пристап до доверливи информации и ги запираме неговите дневни разузнавачки брифинзи.
Секогаш ќе ја штитам националната безбедност – Џо, отпуштен си. Ќе ја направиме Америка повторно голема, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social.
Трамп го цитира извештајот на специјалниот советник Роберт Хур, кој минатата година го опиша Бајден како „добронамерен, постар човек со лоша меморија“.
Портпаролот на Бајден одби да ја коментира одлуката на Трамп.
Новиот претседател на САД, исто така, го обвини Бајден додека бил во Белата куќа направил преседан, и дал инструкции на разузнавачката заедница да го блокира пристапот на Трамп до информациите за националната безбедност.
Во 2021 година, веднаш по преземањето на функцијата, Бајден изјави за Си-Би-Ес дека не е добро Трамп да има пристап до разузнавачките информации поради неговото „непредвидливо однесување“ и загриженоста дека може да сподели доверливи податоци.
Ново на Сител
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Возачот кој ја прегази Фросина осуден на 12 години затвор
-
Таравари си замина – ВРЕДИ очекува прелет на пратеници
-
Кој ќе биде министер за здравство по заминувањето на Таравари?
-
Фрчковски осомничен за злоупотреба на државни пари, тој вели – срамен притисок врз критичарите на власта
-
СДСМ: Целосен дебакл на надворешната политика - Владата не знае каде тера