Свет
11. November 2016 - 8:59

Џо Бајден го запозна наследникот Мајк Пенс со своите приоритети во работата

Американскиот потпретседател Џозеф Бајден вчера во Вашингтон се сретна со својот „наследник“ Мајк Пенс, кој беше избран за потпретседател во тандемот на Доналд Трамп, и го запозна со приоритетните задачи во својата работа.

Бајден особено ги спомена односите со НАТО и со Источна Европа, информира прес службата на Белата куќа, цитирана од ТАСС.

Демократот Бајден  пред републиканецот Пенс ги потенцира „клучните задачи“ на потпретседателот на САД и со него разгледа „редица конкретни политички досиеја, над кои тој го концентрирал своето внимание во последните години“. Овие досиеја ги вклучуваат НАТО и Источна Европа, а и неговата работа на зацврстување на средната класа во САД. Не се посочуваат детали од неговиот говор.

Бајден на Пенс му ветил лесно предавање на власта и го поканил на гости, заедно со семејството, во својата резиденција на територијата на обсерваторијата на американските военопоморски сили во Вашингтон.