Loading Video...
Свет
7. November 2020 - 21:09

Џо Бајден е новиот претседател на САД

Демократскиот кандидат Џо Бајден победи на претседателските избори во САД. По четири дена пребројување на гласовите тој успеа да стигне до 270 електорски гласови. Бајден, светските медиуми, веќе го прогласија за 46 американски претседател.

„Сега кога веќе кампањата заврши, време е да ја оставиме лутатата и сурва реторика зад нас и да се обединиме како нација. Време е Америка да се обедини. И да заздрави. Ние сме Соединети американски држави. И нема нешто што не може да го направиме, ако го правиме заедно“, пишува во првата писмената изјава на Бајден по победата. Обраќањето го најави за 20 часот по американско време.

Ако ги задржи гласовите, Бајден ќе има 78 години на инаугурацијата во јануари, со што ќе биде најстариот претседател во историјата на САД. Тој се враќа во Белата куќа после четири години, откако претходно беше потпретседател во двата мандата на Барак Обама.

Истовремено, Камала Харис ќе биде прва жена на функцијата потпретседател.

Токму од нејзе тој ја доби и првата лична честитка.

Додека Бјаден и Харис ја добива победата, неговиот ривал Донал Трамп беше на голф во Вирџинија. Од таму ја испрати и првата реакција.

„Сите знаеме зошто Џо Бајден брза да лажно се претставува како победник и зошто неговите медиумски сојузници толку многу се обидуваат да му помогнат: тие не сакаат да се открие вистината“, започнува писмената изјава на претседатлеот во заминување.

„Едноставниот факт е дека овие избори се далеку од завршени“, се вели во изјавата на Трамп во која посочува и дека пребројувањето на гласовите се уште не е официјализирано од изборните тела. Републиканецот најавува и правна битка од понеделник преку Врховниот суд.

Прв од светските лидери кои му честиташе на Трамп беше ирскиот претседател Мишел Мартин.

„Бајден е вистински пријател на оваа нација во текот на целиот свој живот и со нетрпение очекувам да соработувам со него во следните години“, напиша тој на Твитер

Честитка стигна и од канадскиот премиер Трудо.

Честитки, Џо Бајден и Камела Харис. Нашите две земји се блиски пријатели, партнери и сојузници, напиша Трудо.

Честитки од европско тло стигнаа и од Германија. Таму честитката ја упати министерот за надворешни работи Хајко Мас кој напиша дека очекува нов висд на трансатланска комуникација.

Од Блаканот честитка испрати грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис

Бајден беше вистински пријател на Грција и сигурен сум дека под негово претседателство односите меѓу нашите земји ќе станат уште посилни, порача гречкиот премиер.

Меѓу првите честититаше и македонскиот државен врв.

Премиерот Заев на Фејсбук напиша:

„Честитки за новоизбраниот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис! Сигурен сум дека ќе продолжиме да ги развиваме одличните односи кои ги имаме со САД и да го продлабочуваме нашето сојузништво во НАТО, но и на сите полиња. Иднината пред нас е светла!“
Во сличен дух и честитката од претседателот на државата.

„Очекувам македонско-американското стратешко партнерство да продолжи, а САД да ја реафирмира својата глобална улога во зачувувањето на заедничките вредности: мирот, безбедноста и демократијата“, Напиша Пендаровски на Фејсбук.

И опозициската ВМРО-ДПМНЕ со честитки до Бајден.

„Се надеваме дека политиките на меѓународно поле ќе донесат мир и стабилност и ќе го обезбедат толку посакуваниот просперитет на секаде во Светот, но и во нашиот регион“

Честитка стигна и од лидерот на ДУИ Али Ахмети.

„Нашиот голем пријател Џо Бајден се врати, сега е на чело на Соединетите Американски Држави. Му посакувам добро здравје, успех и добра работа на претседателот Бајден“, пишува во честитката на првиот интегративец.