Свет
7. October 2016 - 16:20

Џентилони се залага за спогодба меѓу ЕУ и африканските земји за мигрантите

Министерот за надворешни работи на Италија, Паоло Џентилони, денеска изјави дка неговата земја се залага за спогодба меѓу ЕУ и африканските земји, слична на онаа што беше постигната со Турција за запирање на приливот бегалци.

Џентилони, кој престојува во Анкара, ја пофали спогодбата меѓу ЕУ и Турција за мигрантите, постигната во март, наведувајќи дека е „потребна слична спогодба за решавање, или барем управување, со приливот на мигранти од Африка“.

Повеќе од милион лица лани пристигнаа во Европа, а илјадници мигранти го загубија животот минувајќи го Медитеранот, наведуваат американските медиуми.