-->
-->
Џенифер Лопез се надева на Оскарот годинава
-->
Порталот „Холивуд лајф“ ја оцени улогата на Џенифер Лопез како стриптизетка во „Измамничките од Волстрит“, како потврда за нејзината „најдобра година досега“. Повикувајќи се на извор близок до глумицата, порталот наведува дека таа се надева и на Оскарот.
– Секој филм за кој сум потпишала и секоја улога што сум ја одбрала, беше во насока на тоа да се истражува себеси како уметница, како глумица која го сака животот, луѓето и сѐ тоа, изјави популарната Џеј Ло во една неодамнешна прилика. Џенифер Лопез глуми стриптизета која како водач на криминална женска група, дрогирала и ограбувала богати машки клиенти од Њујорк.
Филмот е заснован на вистинската приказна на Саманта Барбаш, која и ги призна злосторствата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата