Џет-Сет
29. December 2016 - 10:50

Џенифер Лопез и Дрејк ја потврдија љубовта со романтична слика на Инстаграм


Дека меѓу 47-годишната дива Џенифер Лопез и 30-годишниот Дрејк се случува нешто повеќе од само дловна соработка се зборува со недели, но сеги нивната љубовна врска и официјално е потврдена со објавена заедничка фотографија на Инстаграм, на која изгледаат среќни и вљубени.

Фотографијата на која пајачката лежи во прегратките на Дрејк со затворени очи, ја објави самата Џенифер.

Со тоа двојката потврди дека божиќните празнични денови ги поминуваат заедно, што не е мала работа.

Латино дивата фотографијата ја објави откако Ријана, поранешната девојка на Дрејк, престана да ги следи на социјалните мрежи.

Фотографијата на „новопечените гулапчиња“ за кусо време заработи речиси 500.000 лајкови.