Џет-Сет
28. February 2017 - 11:19

Џастин Тимберлејк и Џесика Бил за родителството

Пејачот Џастин Тимберлејк (36) и актерката Џесика Бил (34) се пожалија на одгледувањето на двегодишниот син Сајлас Рендал.

- Расте и одлично напредува. Го сакам, но не знам дали ми се допаѓа воопшто, се пошегува Џесика.

Двојката тврди дека нивниот син е многу тврдоглав и маки мачат додека да му сменат пелена.

- Понекогаш размислувам колку е тешко родителството и се прашувам дали воопшто знам што правам, изјави Тимберлејк.

Двојката се надева дека нивниот син наскоро ќе ја надмине оваа фаза.

Џастин и Џесика во врска се десет години, а се венчаа во октомври 2012 година.