Џафери на вонредна средба со координаторите на пратеничките групи
Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери за попладнево свика вондредна средба со координаторите и претставниците на политичките партии во Собранието во врска со начинот и динамиката на продолжување на тековната работа на Собранието, пленарните седници и седниците на работните тела.
Се очекува тој и претставниците на парламентарните партии да разговараат кога ќе продолжат заостанатите седници на кои има точки на дневен ред кои беа одблокирани по средбата на премиерот Зоран Заев со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а потоа и со лидерите на АА и Алтернатива Зијадин Села и Африм Гаши за законот за државјанство.
Меѓу нив се и законите за петиот пакет антикризни мерки што денеска помина на собраниската Комисија за финансирање и буџет.
Средбата на Џафери со координаторите ќе се одржи во 14:30 часот, а по завршување на Координативната средба од неговиот Кабинет најавуваат соопштение.
Ново на Сител
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна